Во петокот беше направена ждрепка за мечевите на Светското првенство кое следната година ќе се игра во САД, Канада и Мексико. Тоа ќе биде прв Мундијал со дури 48 репрезентации, а остануваат слободни уште шест места кои ќе се пополнат по завршување на плејоф баражите.
Организаторот на Светското првенство уште од претходно имале одлучено мечот кој на 26 јуни ќе се игра во Сиетл да биде прогласен за „натпревар на гордоста“, односно дуел на кој ќе се слават ЛГБТ вредностите.
По направената ждрепка, стана јасно дека на тој меч ќе се сретнат репрезентациите на Египет и Иран. Ова може да биде проблем, затоа што тие две земји имаат строги антихомосексуални закони. Токму затоа, останува да се види дали токму Египет и Иран ќе ја имаат задачата да го одиграат „натпреварот на гордоста“ на Мундијалот во 2026 година.

