Мечот почна, но 60 секунди никој не ја допре топката (Видео)

Бешикташ вчера славеше со 4:1 против тимот на Анкарагучу и стигна до третото место, со само три бода заостанување зад лидерот Башакшехир. Со вчерашната победа, Бешикташ сега има 59 бодови, колку што и нивниот голем ривал Галатасарај на втората позиција, но Галатасарај има и меч помалку, тој денешниот против Коњаспор на гостински терен.

На дуелот во Истанбул, освен петте гола од кои четири беа во мрежата на гостите, за радост на домашните фанови, имаше и еден необичен момент. Кога судијата означи почеток на мечот, сите играчи останаа на своите места, а навивачите мирно стоеја. Иако средбата беше почната, сите решија да стојат една минута и тоа во знак на протест против насилството врз децата.

Откако поминаа 60 секунди, мечот започна.

 

- Оглас -

Најнови вести