Екипата на Фиорентина после продолженијата го совлада Базел и обезбеди пласман во финалето на Конференциската лига. Сепак, ова тешко му падна на еден фудбалер.
Артур Кабрал во јануари направи трансфер токму од Базел во Фиорентина и веднаш после мечот си замина дома, без да прослави со остатокот на екипата. Тоа го направи од голема почит кон претходниот клуб каде помина две години, а воедно Базел му беше првиот клуб во Европа. Претходно настапуваше за бразилскиот Палмеираш.
Кабрал ваквиот потег го направи со дозвола од екипата, а останатите играчи и стручниот штаб немаа ништо против.