Докса изненадувачки води со 1-0 по првото полувреме на гостувањето кај АЕК Ларнака во дуел од кипарското фудбалско првенство, а интересно е дека капитените на двата тима се Македонци.
Капитенската лента кај АЕК ја носи Иван Тричковски, додека капитен на Докса е Душко Трајчевски. Во редовите на Докса е и голманот Дамјан Шишковски.