Денешниот натпревар на Ливерпул против Генк беше вкупно 400-ти за Црвените на европска сцена, со што овој клуб стана првиот англиски клуб кој стигнал до ваква бројка за почит.
Во овие 400 меча низ историјата, Ливерпул имал и многу победи и многу порази, но како и да е, во Европа се убедливо најуспешниот англиски клуб. Шестпати биле европски шампиони, четири титули имаат во Суперкупот на УЕФА, двапати го освоија Купот на УЕФА и еднаш Лигата на Европа.
Секоја чест на лондонските и манчестерските клубови, но според резултатите, барем во Европа, Ливерпул е клуб број 1.