Мечот со Грузија за Македонија е вреден околу 10 милиони евра!

Историскиот натпревар кој ќе го игра македонската фудбалска репрезентација на 12 ноември во Грузија може да ни донесе прв пласман на едно Европско првенство во најпопуларниот спорт, но и огромна финансиска добивка.

Премијата од УЕФА за пласман на Евро 2020 е 9,25 милиони евра, што е поголема заработка од таа која ја дава ФИФА ако се пласирате на Светско првенство. Победа во Грузија за ФФМ значи добивка од над 9 милиони евра, но тоа може и да не биде сè.

Ако Македонија игра на ЕП, за секој бод таму против Австрија, Украина и Холандија ќе добие 750.000 евра, а за победа се добива 1,5 милиони евра.

Прво да го минеме дуелот во ноември со Грузија, а потоа во јуни атак на Букурешт и Амстердам за надминување на границата на приходи од 10 милиони евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести