Мечот со Холандија е минато, Ѓорѓиев најавува победа со Гвинеја

Натпреварот и поразот од Холандија со 37-32 на Светското првенство во Вараждин веќе е минато и мислите на македонската репрезентација се кон дуелот против Гвинеја, на кој треба да се потврди пласманот во следната фаза.

„Сакам да им честитам на соиграчите за борбата. Игравме против поинаква репрезентација за разлика од Унгарија. Холандија има искусна репрезентација, ние направивме грешки, кои тие знаеја да ги искористат. Имаме ден за одмор и против Гвинеја мора да одиме на победа.“ – вели Игор Ѓорѓиев.

- Оглас -

Најнови вести