Мечот со Сити е минато, Ливерпул има многу мотиви да ја порази Астон Вила

Ливерпул – Астон Вила (фудбал, Англија, 17.30 часот)

Новиот првак Ливерпул е втор најефикасен тим во Премиерлигата, а гостите од Бирмингем се со најлоша одбрана. На Астон Вила не ѝ се пишува убаво, последната лигашка победа им беше уште на 21 јануари, па нема на што да се надева на „Енфилд“, особено што Црвените ќе сакаат да се извадат за дебаклот во дуелот со Манчестер сити. Астон Вила на последните пет гостувања кај Ливерпул секогаш даваше гол, но веќе пет години не гостувале таму. На 17-ти декември, Вила во Лига купот го декласираше младиот тим на Ливерпул со 5-0, сега првотимците на Црвените нема да имаат милост.

Предлог тип: 1 & 3+ (1.74)

 

Удинезе – Џенова (фудбал, Италија, 19.30 часот)

Ова е „македонско дерби“ помеѓу Несторовски и Пандев. Удинезе во минатото коло изненади со победата во Рим кај Рома, нашиот Несторовски даде гол, а Џенова која се бори за опстанок и има само еден бод над зоната на испаѓање, своите надежи ќе ги темели и врз некој мајсторски потег на Пандев. Џенова губеше и не даде гол на претходните три гостувања на „Фриули“. Џенова игра добро на гости, не е поразена на пет гостувања по ред во Серија А.

Предлог тип: Х (3.15)

 

Наполи – Рома (фудбал, Италија, 21.45 часот)

Рома е во мини-криза, загуби во претходните две кола, а Наполи е на шесто место, веднаш зад Волчицата, со три бода помалку. Елмас не доби шанса во претходното коло и Наполи загуби, вечерва би требало да се најде на терен. Последните четири лигашки мечеви на овие тима минаа со голови на двете страни. Традицијата е на страна на гостите, тие не загубиле во Неапол уште од ноември 2014 година, а есеноска во Рим беше 2-1 за Рома.

Предлог тип: ГГ (1.67)

 

Вилјареал – Барселона (фудбал, Шпанија, 22.00 часот)

Петтиот Вилјареал е во налет, има четири победи и едно реми во последните пет кола. Жолтата подморница се бори за место во еврокуповите, па на каталонците кои се борат за титула и ќе бидат под голем притисок, нема да им биде лесно. Сепак, иако Барса не блеска на гостувањата сезонава, на гостувањата кај Вилјареал си минува убаво, не загубиле уште од 2007 година. Лани Вилјареал до 90-та минута водеше 4-2, а мечот заврши 4-4, комплексот е голем, па и на Вилјареал нема да му биде лесно да остане непоразен.

Предлог тип: ГГ (1.58)

 

Галатасарај – Трабзонспор (фудбал, Турција, 20.00 часот)

Ова е дуел на два тима кои имаат по 10 нерешени резултати сезонава. Од последните пет меча, Галата дури четири пати ремизираше, а Трабзон трипати. Ваквата ситуација му одговара на Башакшехир кој на пет кола до крајот е прв со два бода пред Трабзонспор кој водеше пред паузата. Галата е речиси без шанси за титула. Од 2012 не било нерешено на нивните пресметки во Истанбул. Кога гостува Трабзонспор, најчесто паѓаат голови на двете страни.

Предлог тип: 2-4 (1.53)

 

Квоти на денот во обложувалниците Sport Life се:

Атлетик Билбао – Реал Мадрид Т2 1+I & T2 2+ (2.50)

Интер – Болоња 1 & 2-5 (2.05)

Саутхемптон – Манчестер сити 1+I и 2+ II (2.40)

- Оглас -

Најнови вести