31.8 C
Skopje
вторник, 22 јули 2025

Мечот Вардар – Лозана ќе биде од висок ризик, доаѓаат 100-тина гостински навивачи

Вардар во четврток со почеток од 20:30 часот ќе го пречека швајцарскиот тим Лозана во првиот натпревар од второто квалификациско коло во Конференциската лига, а се најавува и присуство на гостински навивачи.

Околу 100-тина приврзаници на Лозана, членови на нивната ултрас група, се очекува да пристигнат во Скопје за поддршка на својот тим.

Истовремено навивачката група Комити подготвува голема мобилизација бидејќи на западната трибина ќе го прославуваат 78-миот роденден на Вардар, што ветува уште повпечатлива атмосфера.

Надлежните институции го оценија овој дуел како натпревар со висок ризик, а на трибините се очекува навистина вжештена атмосфера.

- Оглас -

Најнови вести