Натпреварот од третото коло на тенискиот гренслем Вимблдон помеѓу ветераните Новак Ѓоковиќ и Станислас Вавринка треба да почне вечерва, но неизвесно е дали и ќе заврши вечерва или ќе треба да продолжи утре, во некој прв слободен термин.
Владата на Велика Британија забранува одржување на спортски настани по 23 часот по локално време, а поради тоа и синоќа беше прекинат дуелот на Мареј и Циципас.
Вечерва на Централниот терен по 19 часот треба да почне дуелот на Ѓоковиќ и Вавринка, а има голема шанса средбата да не почне ни пред 20 часот, па ако Србинот и Швајцарецот се „заглават“ во долга битка, можно е мечот да им биде прекинат вечерва и да продолжи утре.