Мечот ВБА – Вулверхемптон прекинат поради тепачка на навивачите (Видео)

Вулверхемптон поведе со 2-0 на гостувањето кај Вест Бромвич и настана хаос на дел од трибините, каде дојде до тепачка меѓу фановите, па средбата е во прекин.

Ова е соседско дерби и фановите на двата клуба не се сакаат меѓусебе, но никој не очекуваше дека ќе дојде до ваков инцидент. Група фанови на Вулфс славеле на трибина каде биле противнички навивачи и почнала тепачка. Некои навивачи влегоа на терен, а играчи ги зедоа своите деца во рацете за да ги оттргнат од местото на тепачката во која според англиските медиуми имало и хулигани со раскрвавени глави.

- Оглас -

Најнови вести