Мечот во Скопје застана за сите да аплаудираат во 59-та минута во чест на 59-те мртви во Кочани (Видео)

Во 59-тата минута од натпреварот Македонија – Велс, присутните на Арената во Скопје со аплауз и блицеви од телефоните им оддадоа почит на 59-те починати во трагедијата во Кочани.

Овој меч од квалификациите за СП 2026 има и хуманитарна страна, парите од продадените билети ќе бидат наменети за семејствата на настраданите во пожарот во диското „Пулс“.

Главниот судија го знаеше ова и дозволи средбата да биде во краток прекин за да им се оддаде почит на жртвите од несреќата која ја потресе Македонија, но и светот.

 

- Оглас -

Најнови вести