Мечот вреден милиони евра – Колку Македонија ќе инкасира со пласман на Европското првенство?

На македонските репрезентативци им е повеќе од јасно што значи да се оствари победа над Грузија среде Тбилиси – Пласман на Европско првенство, првпат во нашата историја.

Тој сон е најголем мотив за сите кои моментално го носат националниот дрес, како и оние кои му помагаат на селекторот Игор Ангеловски да се оствари мисијата.

Но, Македонија има мотив плус за да обезбеди пласман на континенталниот собир кој ќе се одвива идното лето, а тоа е наградниот фонд од УЕФА. За пласман во групната фаза, ФФМ ќе инкасира 9,25 милиони евра, која која се доделува на сите 24 учесници на завршниот турнир.

Kолку за потсетување, со евентуален пласман на ЕП, Македонија ќе влезе во групата Ц, каде што чекаат Австрија, Холандија и Украина.

- Оглас -

Најнови вести