Претседателот на САД, Доналд Трамп, го украде шоуто на доделувањето на медалите и победничкиот пехар на Светското клупско првенство, а камерите забележаа уште еден интересен детаљ.
Се чини дека ФИФА имаше подготвено повеќе медали за победникот, па еден од нив заврши во рацете на Трамп, кој ќе има за спомен златен медал од историското, прво Светско клупско првенство со 32 екипи, на кое токму САД беше домаќин.