Меџик се налути, Лејкерс ја повлекоа понудата за Ентони Дејвис

Меџик Џонсон се налути, а Лос Анџелес лејкерс се откажа од понудите и преговорите со Њу Орлеанс пеликанс за ангажман на Ентони Дејвис.

„Немаше крај на барањата на Пеликанс. Постојано бараа нешто ново и уште. Не преговараме повеќе“, пренесоа изјава американските медиуми на неименуван извор од клубот од Лос Анџелес.

Наводно, според објавите на медиумите од САД, првиот човек за кошаркарски операции на Лејкерс, Меџик Џонсон, ја донел клучната одлука да се прекинат преговорите.

Последната понуда на „езерџиите“ беше Бол, Кузма, Инграм, Харт, Колдвел Поуп и Зубац да се преселат кај Пеликанс и плус Њу Орлеанс да добијат право на два пика од првата рунда на следните драфтови во НБА за Дејвис.

Во Њу Орлеанс воопшто и не ја разгледувале опцијата, иако им било понудено во Лос Анџелес да замине Соломон Хил, со што ќе им се ослободеа и пари во таканаречениот „Селари кап“ за да можат да ангажираат нов кошаркар. Хил има годишна плата од 12,7 милиони долари, но и тој и Дејвис ќе останат во Њу Орлеанс, барем засега.

Рокот за трансфери во НБА завршува во четврток на полноќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести