Тотенхем стигна до трета последовна победа во Лигата на Европа откако минимално го победи АЗ Алкмаар со 1-0, а во фокусот беше одличната игра на 17-годишниот фудбалер на англискиот тим, Мајки Мур. Тој создаде многу проблеми за одбраната на гостите, особено во второто полувреме, кога беше преместен на левата крилна позиција откако мечот го почна на другата страна.
Статистиката покажува дека Мур имал 54 допири на топката во мечот, а Џејмс Медисон, кој синоќа го предводеше тимот со капитенската лента, го спореди со Нејмар.
Mikey Moore is unreal! 🤩✨ pic.twitter.com/lDdJcxOSnT
— The Spurs Watch (@TheSpursWatch) October 24, 2024
„Мислев дека Нејмар е на левото крило. Тој не се плаши од ништо. Брилијантно момче кое има многу способности. Се надевам дека ќе можам да му помогнам со некои мудри совети, но тој ги поседува сите квалитети. Браво за него“, изјави Медисон.
Мајки Мур е производ на академијата на Тотенхем, а неговото деби за првиот тим беше при поразот од Манчестер сити во мај. Тој учествуваше и во трите натпревари на тимот во Лигата на Европа оваа сезона, а во последните два беше и стартер.