27.8 C
Skopje
понеделник, 21 јули 2025

Медитеранска комбинација зачинета со дербито во Англија

1010 Челзи – Манчестер сити (21 ч.)

Челзи игра слабо сезонава, а главна причина за тоа е слабата реализација. Со само 20 гола, Челзи е убедливо најслабиот тим според реализација на екипите кои се во првата половина од табелата во Премиер лигата. За разлика од лондонскиот тим, Манчестер сити е „машина за голови“ и во 16 кола има дадено 44 погодоци (повеќе од двојно во однос на Челзи).

Тимот од „Стемфорд бриџ“ има само една победа во последните седум кола и тешко дека ќе може да парира на фаворизираниот гостин.

Предлог тип: Х2&2-4 (1.80)

 

5631 Замалек – Ел Дахлеја (18 ч.)

Египетскиот гигант е апсолутен фаворит на овој меч, па речиси сигурно трите бода ќе останат за домаќинот. Ел Дахлеја има само осум бода од 11 меча (трипати помалку од тоа што освои Замалек досега).

Во последните 10 години, овие два тима играле 14 пати, а Замалек има 11 победи, три меча завршиле нерешено, а Ел Дахлеја никогаш не се радувала. Едноставно, ова треба да биде дуел со доминација на домаќините.

Предлог тип: 1-1&2+ (1.99)

 

1536 Санта Клара – Брага (21:15 ч.)

Гостите се фаворити, но Санта Клара на домашен терен тешко губи. Сепак, играчите на Брага се полни со самодоверба, посебно по победата од 3:0 над Бенфика пред неколку дена.

Гостите треба да победат, во меч на кој не треба да се очекуваат многу погодоци.

Предлог тип: 2&0-3 (2.45)

 

1959 Трабзонспор – Гиресунспор (18 ч.)

Трабзонспор е само еден од двата тима во турското првенство кој нема ниту еден пораз на домашен терен сезонава. Гиресунспор на осум од последните девет средби кои ги одигра играше барем со 3+ гола, а дури петпати беше и 5+.

Фактот дека гостите имаат нестабилна одбрана е само најава за погодоци во двете полувремиња.

Предлог тип: 1-3 I& 1-3 II (1.90)

 

1371 Елденсе – Атлетик Билбао (21 ч.)

Елденсе е лидер во една од третите лиги во Шпанија и домаќините ќе имаат мотив да се докажат против фаворизираниот гостин. Синоќа Барселона на терен кај третолигаш мораше да игра 120 минути за да оди во следната фаза од Купот, што треба да биде аларм за Атлетик Билбао да не го потцени противникот.

Предлог тип: 1+I&3+ (1.85)

- Оглас -

Најнови вести