Медицинските извештаи на Давиде Астори биле фалсификувани?

Италијанските медиуми денес пренесоа изненадувачки вести дека е отворена нова истрага околу смртта на поранешниот капитен на Фиорентина, Давиде Астори. Италијанскиот репрезентативец почина на 31 година од срцев удар на 4 март 2018 година, кога беше најден во својот кревет во хотелска соба пред лигашкиот меч на Виолетовите против Удинезе.

Полицијата истражува медицински извештаи потпишани од последниот доктор кој бил одоговорен за прегледите на Астори, Џорџо Галанти. Шпекулациите се дека дел од документите во извештајот од медицинскиот преглед од јули 2017 годна се дополнително додадени околу една година по смртта, со цел да изгледа дека Галанти ги извршил сите потребни кардио-прегледи и според нив, му дал зелено светло на фудбалерот дека може да игра.

Италијанските медиуми дополнително тврдат дека Галанти имал близок колега кој му помогнал да ги фалсификува документите за да не биде одговорен за смртта на Астори.

Инаку, аутопсијата која беше извршена по смртта на Астори утврди дека починал од срцев удар, но и по тоа постоеја сомнежи дека се работи за лекарска грешка.

 

- Оглас -

Најнови вести