Медиумите од Апенините анализираат: Манчини има три дилеми за мечот против Македонија

Селекторот на Италијанците, Роберто Манчини, се соочува со три тактички дилеми за средбата од 20:45 часот против Македонија.

Џорџо Кјелини и Леонардо Бонучи се „аут“ за оваа средба, а на нивни место ќе бидат Џанлука Манчини, а дилема е дали со него одзади да биде Алесандро Бастиони или пак Франко Ачерби, каде што и двајцата играчи се левоноги, што би претставувало проблем, со што градењето на нападите од одбраната на Италијанците треба да тргнува најчесто од десната страна.

Втората дилема е дали Лоренцо Пелегрини да стартува на местото на Николо Барела. Пелегрини носи многу поагресивен и поофанзивен фудбал отколку Барела, којшто заедно со Верати и Жоржињо би играле евентуално против Португалија.

Третиот можен проблем за Аѕурите е системот на играта и тоа дали да се тргне со сите сили од првата минута, со што би ѝ оставиле голем простор на Македонија при контранапади или пак со смирена игра да се чека кикс на противникот. Дополнителен фактор е публиката, кај којашто ако Италија не даде ран гол, тогаш притисокот и нервозата би биле сè поголеми.

- Оглас -

Најнови вести