Кошаркарите на Гран Канарија со триумфот во Еврокупот, автоматски си обезбедија учество во Евролигата следната сезона, со што е затворен списокот на учесници за следната сезона во елитното кошаркарско натпреварување.
Гран Канарија во вчерашното финале во Еврокупот го совлада Турк Телеком со 71:67 и според грчкиот кошаркарски новинар Арис Баркас, кој ретко кога греши за вести поврзани со Евролигата, затворен е списокот на учесници за следната сезона.
Покрај стандардните екипи кои имаат А лиценца, Реал Мадрид, Барселона, Басконија, Жалгирис, Олимпијакос, Панатинаикос, Баерн Минхен, Анадолу Ефес, Макаби Тел Авив, Фенербахче и Арманија, пред добивање на ваква лиценца е Монако и францускиот тим сигурно ќе учествува идната сезона во Евролигата.
Гран Канарија со триумфот во Евролигата и дефинитивно ѝ ја затвори вратата на Валенсија да добие вајлд-карта за следната сезона бидејќи би била петта шпанска екипа и според Баркас, специјална покана за настап ќе добијат Партизан, Црвена звезда и Виртус Болоња.
Грчкиот новинар засега тврди дека ова е неофицијална информација, но не верува дека Евролигата ќе дозволи дури пет екипи од Шпанија да играат во неа следната сезона.