Медо е да го жалиш, никој како него не испаднал на завршниот тениски турнир

Данил Медведев веројатно е најголемиот трагичар во историјата на завршните тениски турнири во годината, а начинот на кој е елиминиран во Торино е трагичен.

Рускиот ас испадна без ниту една победа, со три порази од Циципас, Рубљов и Ѓоковиќ, а сите ги загуби со 1:2 и во тај-брејк во решавачките сетови.

Најпрво не најде рацепт за победа против сонародникот Рубљов во драматичен финиш и го загуби тај-брејкот во третиот сет со 7:9 во поени.

Потоа и со Циципас загуби на ист начин, но со поинаков резултат од 7:1 во поени во тај-брејкот во третиот сет, а тоа му се повтори и денеска во маратонски меч со Ѓоковиќ.

Србинот во тенискиот рулет беше посконцентриран и подобар од популарниот Медо и го доби тај-брејкот во третиот сет со 7:2 во поени и го остави рускиот ас на дното на табелата во Црвената група со биланс 0-3 во Торино.

Ѓоковиќ и Тејлор Фриц ќе играат во првото полуфинале, утре од 21 часот, а Каспер Руд го чека ривалот во второто полуфинале.

Норвежанецот ќе дознае со кого ќе игра по завршувањето на денешниот дуел од 21 часот меѓу Циципас и Рубљов.

 

- Оглас -

Најнови вести