Медведев би платил многу Ѓоковиќ да му биде тренер, Новак ја остава отворена таа можност

Рускиот тенисер Данил Медведев изјави дека ако може да ангажира кој било тренер во светот и да ја даде целата своја плата за тоа, би го избрал легендарниот Србин Новак Ѓоковиќ. 

Руски новинари го прашаа 24-кратниот освојувач на гренслемите, што мисли за тоа.

„Му благодарам на Данил за тоа што го кажал, многу е убаво да се слушне. Навистина ми се допаѓа Данил, секогаш сме имале добри односи надвор од тениското игралиште уште кога тој беше млад играч. Го сметам не само за еден од најдобрите играчи на светот, туку и за еден од најпаметните. Прво ќе морам да престанам да играм, да ја завршам кариерата, а не знам кога ќе се случи тоа, да бидам искрен, а потоа би размислил за цената. Но, со оглед на мојот однос со Данил, секогаш би сакал да бидам таму ако можам, како советник или некој вид ментор. Еден ден да, секако, би сакал да ја разгледам можноста да бидам дел од неговиот тим“, рече Ѓоковиќ.

- Оглас -

Најнови вести