Медведев буквално збесна: Загуби со 6:0 и 6:0, па бесот го истури на рекетот (Видео)

Еден од најдобрите тенисери во светот, Данил Медведев, доживеа вистински дебакл на Мастерсот во Монте Карло откако беше прегазен од Матео Беретини со неверојатни 6:0, 6:0 во второто коло.

Италијанецот буквално го „избриша“ десеттиот тенисер во светот само за 49 минути, а за Медведев ова е историски негативен момент – првпат во кариерата на ATП-турнирите губи меч без освоен гем!

Русинот беше видно нервозен од самиот старт, но фрустрацијата експлодира при резултат 6:0, 2:0 за Беретини, кога загуби осум гема по ред. Следуваше вистинско „шоу“ – Медведев го искрши рекетот удирајќи го шестпати од земја, а потоа го фрли во канта за отпадоци покрај теренот.

Од друга страна, Беретини одигра совршен меч и обезбеди пласман во осминафиналето – без загубен гем!

Интересно, Италијанецот имаше олеснета работа и во првото коло, кога Роберто Баутиста Агут му го предаде мечот поради повреда при водство на Беретини од 4:0 во првиот сет.

Со оваа сензација, Беретини ја запиша и првата победа оваа година против тенисер од светскиот топ 10, и тоа на спектакуларен начин.

 

- Оглас -

Најнови вести