Уште во пладневните термини ќе започнат возбудувањата од натпреварите кои се дел од Супер типот. Тениски пресметки има како за „загревање“. Данил Медведев е фаворит за победа над Ласло Ѓере и квотата за „кец“ на Русинот е 1.75.
Од кошарката, тука се дуелите од Евролигата, а повторно во улога на аутсајдери се Реал Мадрид и Барселона. Кралскиот клуб гостува кај Олимпијакос, каде што загуби пред два дена, а и сега грчкиот гигант е во улога на фаворит. Барселона повторно ќе игра на теренот на Монако, а за победа на францускиот тим, квотата е 1.59.
Има и хокеј пресметки со зголемени квоти, но, секако, доминира фудбалот. Штутгарт и ПСЖ се фаворити, а зголемени квоти има и за победи на Брага, Арау, Утрехт, Салернитана…