Рангирањето на светската тениска листа сè повеќе го губи сјајот во светот на тенисот, а најдобар доказ за тоа се Новак Ѓоковиќ и Данил Медведев.
Ѓоковиќ е петторангиран тенисер на светот на АТП-листата, а сигурно вреди многу повеќе и во моментов според формата е број 1.
Србинот утре ќе го игра премиерниот меч на новото издание на Отвореното првенство на Австралија против Роберто Карбалес Баена, а според формата, е прв фаворит за нова титула во Мелбурн.
На турнирот топ-носител е Рафал Надал, а веројатно најпотценет е ланскиот и преклански финалист Данил Медведев, кој е дури седми носител и осми на АТП-листата.
Медведев играше денеска претпладне и одигра брилијантен меч против Маркос Џирон, што го доби со 3:0 во сетови, а загуби само три игри, 6:0, 6:1, 6:2.
Рускиот ас беше финалист и лани и преклани во Мелбурн на Отвореното првенство на Австралија, а загуби од Новак Ѓоковиќ со 0:3 во 2021 година и од Надал со 2:3 на ланското издание.
Рангирањето на носителите на гренсле- турнирот во Мелбурн оди според системот за рангирање на АТП со светската листа, но Ѓоковиќ и Медведев потврдуваат дека нешто мора да се менува и да има поинаков систем за вреднување на успесите и резултатите на гренслем-турнирите.