20.8 C
Skopje
вторник, 9 септември 2025

Медведев го откажа настапот во Ротердам

Рускиот тенисер Данил Медведев нема да настапи на првиот овосезонски турнир на серијата АТП 500, кој започнува в понеделник, во Ротердам. Покрај Медведев, настапот на овој турнир го откажа и Јаник Синер, па на местото на овие двајца тенисери, повикани се Жо-Вилфред Цонга и Енди Мареј.

Медведед нема да игра во Ротердам затоа што уште не се чувствува доволно подготвен за повторно да игра по исцрпувачкиот гренслем во Мелбурн. Русинот играше во финалето на Отвореното првенство на Австралија опен, имаше водство од 2:0 во сетови против Рафаел Надал, но на крајот, по пет и пол часа борба, Медведев загуби во финалето со 3:2 во сетови.

Синер се откажа од настапот во Ротердам затоа што е позитивен на корона-вирусот.

- Оглас -

Најнови вести