Данил Медведев и Доминик Тим ќе играат во денешното финале на завршниот Мастерс турнир во Лондон. Двајцата тенисери во полуфиналето успеаа да ги добијат маратонските битки со играчите кои доминираа во светскиот тенис во последните 15-тина години.
Тим ја искористи дури шестата меч топка за да го победи Новак Ѓоковиќ во меч кој траеше речиси три часа. За драмата на овој меч, може да прочитате ТУКА.
Ништо помалку не беше драматичен и неизвесен вторито полуфинален меч. Надал поведе со 1:0 во сетови, но Медведев не се предаде. Во вториот сет се играше тај-брејк, а Русинот успеа да изрмани на 1:1 во сетови. Во решавачкиот трет сет, Надал како да ја загуби силата, па Медведев со два брејка стигна до победа од 2:1 во сетови (3:6, 7:6 (4), 6:3).
Според играта во последните мечеви, Медведев е посигурен и има девет победи по ред, додека Тим во истиот период има загубено дури три пати. Сепак, кога се работи за меѓусебните дуели, финалистите досега играле четири пати меѓусебе, а Тим се радувал на три меча. Последен пат играа на САП Опен кога Тим победи со 3:0 во сетови (6:2, 7:6, 7:6).