Медведев ја подобри својата игра на земја, ако го добие и финалето во Рим, Новак паѓа на трето место (Видео)

Русинот Данил Медведев кој често изјавува дека не сака да игра на земјена подлога, годинава игра одлично на земја, има скор 8-2, и со пласманот во финалето на Мастерсот во Рим, докажа дека знае да игра тенис и на најбавната подлога.

Попладнево Медведев ќе игра финале против опасниот Данец Холгер Руне кој го елиминираше Новак Ѓоковиќ.

Ако победи Медведев, тоа ќе биде негова прва Мастерс титула на земја, и ќе се искачи на второто место на АТП листата, симнувајќи го Новак Ѓоковиќ на трето. Доколку Србинот биде трети, се заканува опасност на „Ролан Гарос“ да се сретне со првиот носител Карлос Алкарас уште пред финалето.

Руне кој истотака оди по првиот трофеј од Мастерс на земја, пред нешто повеќе од еден месец го победи Медведев во Монте Карло со 6-3, 6-4.

Погледнете со каков танц Медведев ја прослави синоќешната победа во полуфиналето против Стефанос Циципас:

https://twitter.com/i/status/1660023202070888448

- Оглас -

Најнови вести