Медведев: Мислев дека Ѓоковиќ ќе испадне во третото коло

Данил Медведев ќе има исклучително тешка задача да дојде до првиот грен-слем трофеј во кариерата, бидејќи во финалето мора да го победи човекот кој има осум титули во осум финалиња на Австралијан опен. Рускиот тенисер е изненаден што Новак Ѓоковиќ стигнал до финалето, со оглед на повредата која ја имал во третото коло.

„Ги гледав неговите мечеви. Мислев дека Новак ќе загуби од Фриц. Не глумеше дека е повреден. Го гледав против Карацев и беше на врвно ниво. На грен-слемите еднаш сум играл против Ѓоковиќ и тоа токму тука во Мелбурн и беше неизвесно. Мора да бидам смирен, бидејќи играњето против него во финалето на овој турнир е прилично тешка задача“ – вели Медведев кој има 20 победи по ред, а го доби и последниот меѓусебен дуел против Србинот.

„Немам притисок. Играм против тенисер кој никогаш не загубил финале во Австралија. Се надевам дека ќе играм добро, ќе се потрудам да го играм мојот најдобар тенис“ – додава Медведев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести