Русинот Данил Медведев го доби париското полуфинале против Александер Зверев со убедливи 6-2, 6-2, и ќе биде противникот на Новак Ѓоковиќ во утрешното финале на овој Мастерс. Пресметката на моментно најдобрите двајца тенисери на светот, е нешто што се посакуваше уште пред почетокот на турнирот, па останува да се види дали Србинот ќе се реваншира за поразот во финалето на САД опен, или Медведев повторно ќе биде подобар во меѓусебен дуел со светскиот рекет број 1.
Ѓоковиќ го освои Мастерсот во Париз во 2019, а Медведев минатата година.