Рускиот тенисер Данил Медведев, после победата над Александер Зверев од 3-6, 7-5, 7-6 во осминафиналето на Мастерсот во Монте Карло, му се извини на Германецот.
Зверев имаше две меч-топки, но не искористи, а Медведев многу емотивно ги преживуваше моментите кога го правеше пресвртот, па на моменти реагираше и неспортски кон публиката која навиваше против него.
„Се однесував како го.но, извини“ – му рече Медведев на Зверев при ладното ракување по завршувањето на мечот, двајцата речиси и не се погледнаа во очи.
Еве како Медо бараше од публиката да молчи:
https://twitter.com/i/status/1646601389429358592