Медведев најави атак на титулата во Мајами, за 57 минути го реши противникот (видео)

Данил Медведев прилично лесно се пласира во второто коло на АТП Мастерс 1000 турнирот во Мајами, откако во два сета го реши Лу Јен-шун со 6-2, 6-2, за само 57 минути.

Рускиот тенисер како прв носител на турнирот со оваа воведна победа најави атак на титулата, која не може да ја брани актуелниот првак Роџер Федерер, поради што се откажа од учество претходно.

Медведев со двата брејка го освои првиот сет со 6-2, во вториот трипати му одземаше гем на 1.020 тенисер во светот и за помалку од еден час закажа дуел во второто коло против Алексеј Попирин.

Претходно денес Григор Димитров загуби со 0-2 во сетови од Нори, Хачанов со идентичен резултат беше подобар од Германецот Ханфман.

- Оглас -

Најнови вести