Медведев: Најважно ми е што го победив Ѓоковиќ во Њујорк

Данил Медведев ќе мора да почека барем до 2022 година за да добие нова шанса да биде првопласиран на АТП-листата, а по поразот од Григор Димитров во Индијан Велс, рускиот тенисер изјави дека повеќе ќе жалел ако го загубел финалето на Отвореното првенство на САД.

„Ако Григор игра како против мене по 1-4 во вториот сет, тој ќе го освои турнирот во Индијан Велс. Против многу ривали ќе победев и со ваква игра. Со ова ниво кое го покажа Григор, не гледам од кого може да загуби до крајот на турнирот. Не паметам да сум загубил три сервис гејма по ред на тврда подлога. Тоа покажува дека теренот е бавен, бавна е подлогата тука, речиси како земја е, и тоа не ми се допаѓа“, анализираше Медо.

„Да го загубев финалето на Отвореното првенство на САД, сигурно ќе ми беше многу потешко отколку сега. Овој пораз не е крај на светот. Мора да работам да бидам уште подобар“, додаде Медведев, кој водеше со 6-4 и 4-1 против Димитров, а потоа одеднаш како да престана да игра.

- Оглас -

Најнови вести