Медведев напредува, првпат доби меч на кој губел 0-2 во сетови

Данил Медведев вечерва на тревата во Лондон извојува многу значајна победа против Марин Чилиќ, затоа што првпат во кариерата доби натпревар на кој губел со 0-2 во сетови, и првпат се пласираше во осминафинале на Вимблдон. Медведев е втор носител на турнирот, а во следното коло треба да игра со Унгарецот Хуберт Хуркач.

Хрватот Чилиќ во 2017 година беше финалист на Вимблдон, а денеска иако ги доби првите два сета со 7-6 и 6-3, до крајот на мечот со Медведев освојуваше по три гејма во наредните два сета, додека во петтиот зеде само два по ред и тоа за да намали на 2-5 после негативата од 0-5.

Утре на Вимблдон е слободен ден, а турнирот продолжува в понеделник.

- Оглас -

Најнови вести