Медведев не може да биде прв на АТП додека не научи подобро да игра на земја

Данил Медведев нема да може да се искачи на првото место на АТП-листата на најдобри светски тенисери додека не почне да освојува силни турнири кои се играат на земјена подлога. Имаше математики според кои Русинот може да го надмине актуелниот светски рекет број 1, Новак Ѓоковиќ, но Медведев нема шанси по неуспехот во Мадрид.

За да станеше најдоброрангиран тенисер на светот, Медведев мораше да го освои Мастерсот во Рим или Мадрид, а на другиот од тие два турнири да стигне барем до полуфинале и плус Новак, кој не настапува во Мадрид, да не стигне до финале ни во Рим.

Медведев во кариерата има само 37 проценти победи на земја, што е премалку. Тој од понеделник ќе биде втор на АТП-листата, ќе избие пред Рафаел Надал, но за првата позиција ќе мора да почне да победува и на земјена подлога. На „Ролан Гарос“ никогаш не добил ниту еден натпревар, а исто така и во Рим секогаш испаѓал во првото коло.

На тврда подлога има 72 проценти победи, на трева има 60 проценти, но за да размислува за прво место, ќе мора многу да напредува на најбавната подлога која во овој период од сезоната носи многу поени.

- Оглас -

Најнови вести