Рускиот тенисер Данил Медведев во третиот гејм од вториот сет, направи голем инцидент на Мастерсот во Синсинати, по кој полуфиналниот меч против Андреј Рубљов, се сврте во полза на противникот.
Медведев во обид да го стигне топчето, се удри во камерата. Тоа многу го налути Медо и почна да вика: „Тргнете ја од тука, за малку ќе си ја скршев раката. Не ви е гајле за играчите, ќе ве тужам“ – викаше Медведевдодека добиваше лекарска помош по завршувањето на гејмот.
Медведев кој има 23 години и се обидува да го стигне првопласираниот на АТП листата Новак Ѓоковиќ, не успеа да го смири својот темперамент, па изнервирано ја шутна камерата и таа се преврте.
https://twitter.com/i/status/1429144400450494464