Данил Медведев на сензационален начин го загуби финалето на АТП-турнирот во Хертогенбош од Тим Ван Рајтховен, но сепак стана број 1 на светската тениска ранг-листа.
Популарниот Медо го смени Новак Ѓоковиќ на врвот, а меѓу нив сега е Александер Зверев на втората позиција.
Ѓоковиќ по неверојатни 373 седмици на врвот на АТП-листата, сега падна на третата позиција.
Медведев и Зверев нема да играат на Вимблдон, рускиот тенисер поради забраната за спортистите од оваа земја да играат на гренслемот, а германскиот тенисер поради повреда, но ќе ги задржат позициите поради одлуката на АТП да не се бодува турнирот во главниот град на Англија.
Во топ-5 се и Рафаел Надал на четвртата позиција и Каспер Руд, двајцата финалисти од Ролан Гарос.
Потоа следуваат: Циципас, Алкараз, Рублев, Ожие-Алијасим и Беретини во Топ-10.
Во женска конкуренција убедливо на врвот е новата шампионка на Ролан Гарос, Ига Швјонтек, пред Контавејт, Бадоса, Џабeр, Сабаленка, Сакари, Каролина Плишкова, Пегула, Колинс и Мугуруза во Топ-10.