Медведев: Нека остане Ѓоковиќ што подолго на прво место, го победувам само кога е прв!

Данил Медведев кој го освои турнирот во Дубаи, прикажа одлични игри во полуфиналето против Новак Ѓоковиќ и во финалето против Андреј Рубљов, а се појави една парадоксална статистика.

Медведев во дуелите со Ѓоковиќ има 5 победи, и тоа сите во момент кога Србинот бил лидер на АТП листата. Кога Ноле бил втор или подолу на листата, Србинот ги добил сите шест меѓусебни дуели со Русинот.

„Имам 5-3 против Новак кога бил прв, а 0-6 кога не бил прв. Затоа, нека остане што е можно подолго на првото место, ако тоа значи дека само така може да го победувам“ – рече Медведев кој на утрешната АТП листа која ќе излезе, ќе биде шесторангиран.

- Оглас -

Најнови вести