Медведев опасно се посрамоти – Го имитираше повредениот Ѓоковиќ (Фото+Видео)

Данил Медведев опасно се посрамоти во второто полуфинале на АТП турнирот во Аделаида, Австралија, откако со имитација ја симулираше повредата на ногата на Новак Ѓоковиќ.

Рускиот ас го загуби мечот со 0:2, а веројатно сакаше да покаже дека Новак не бил повреден, туку глумел.

Ѓоковиќ побара медицински тајм-аут поради повреда на ногата, но потоа го продолжи мечот и победи со 6:3, 6:4 за пласман во финалето.

Во финишот на вториот сет Медведев се фаќаше за левата нога и потскокнуваше, токму како што се однесуваше Новак при повредата.

https://twitter.com/Stroppa_Del/status/1611689770429648896?s=20&t=iKuQAiMXMpdZ4IuibEf0ww

Ова и не е прв испад на Медведев на дуелите со Ѓоковиќ, а скандалозно беше и предавањето на полуфиналниот меч на АТП турнирот во Астана, лани во октомври, кога при резултат 1:1 во сетови, рускиот тенисер без обрзложение му го предаде мечот на Новак.

https://twitter.com/lilyoongle_/status/1611692848478564352?s=20&t=iKuQAiMXMpdZ4IuibEf0ww

Ѓоковиќ утре ќе го игра 131-то АТП финале во кариерата и е голем фаворит против Американецот Себастијан Корда.

- Оглас -

Најнови вести