Медведев победи Србин на „Ролан Гарос“, во следното коло повторно игра со Србин

Данил Медведев кој е второрангиран тенисер на светот, но не е познат како добар играч на земјена подлога, засега добро гази на париската земја, и се пласираше во третото коло на „Ролан Гарос“.

Русинот во три сета го реши Србинот Ласло Ѓере, а во третото коло повторно против себе ќе има сонародник на Новак Ѓоковиќ, и тоа Миомир Кецмановиќ, кој во второто коло со 3-1 го елиминираше Казахстанецот Бублик.

- Оглас -

Најнови вести