Медведев: Победив бидејќи сум ментално посилен

Рускиот тенисер Данил Медведев, по големата победа над Александер Зверев во полуфиналето на Отвореното првенство на Австралија, кое му е трето во кариерата, изјави дека е горд на себе си поради начинот на кој славеше.

Медведев по четири часа и 22 минути игра го победи Зверев со 5:7,3:6,7:6,7:6,6:3 и за титулата на првиот годинешен гранслем-турнир ќе игра против Јаник Синер кој пак беше подобар од Новак Ѓоковиќ.

Ова беше втор меч за Медведев во последните две недели во Мелбурн на кој успева да се врати откако губел со 0-2 во сетови.

„Беше многу тешко во првиот сет, во вториот изгледаше подобро, но не успеав да ги контролирам работите на свој сервис. Бев подобар во третиот сет, се борев, дојдов во тај-брејк и успеав да победам. Горд сум на себе си. Во минатото не бев доволно силен за вакви долги мечеви, но во изминатите месеци променив неколку работи, сега помалку размислувам за луѓето кои се на трибините. Гајли ми е за нив, се обидувам да направам се што е потребно за добар резултат. Сега победив бидејќи сум ментално посилен“, изјави Медведев.

Русинов в недела по третпат ќе игра во финалето во Мелбурн, претходно подобри од него беа Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал против кого имаше водство од 2-0 во сетови, но загуби во пет сета.

„Може да се каже дека ова е трета среќа. Ќе видиме. Многу ми значи што дојдов до тука. Ова можеби не е мој терен, не е место каде сум најсреќен, двапати губев во финалето, но морам да бидам најсреќна личност во светот во овој момент“, вели Медведев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести