Медведев подобар од кумот Рубљов, Зверев го изненади Алкарас (Видео)

Данил Медведев со победа над својот сонародникот и кум Андреј Рубљов го започна настапот на завршниот АТП мастерс-турнир кој се игра во Торино.

https://twitter.com/i/status/1723461522930946233

Медведев во руската пресметка славеше за 92 минути игра со 6:4,6:1 во рамките на групата Б. Двајцата тенисери се одлични пријатели, а Рубљов е кум на ќеркичката на Медведев, Алиса, и пред мечот не пропушти да се дружи со неа.

https://twitter.com/i/status/1724142607629193658

Првиот сет беше решен само со еден брејк кој го направи Медведев, и тоа во седмиот гем, кога поведе со 4:3. Брејкот го потврди во наредниот гем кога успеа да спаси дури три брејк топки и поведе со 5:3. Драматичен беше и десеттиот гем, исто така на негов сервис бидејќи Рубљов имаше дури четири брејк топки, но не успеа да искористи ниту една, додека Медведев ја искористи четвртата сет топка за 6:3.

Вториот сет започна лошо за Рубљов, кој уште на стартот го загуби сервисот, а овојпат Медведев беше сигурен на свој сервис и без проблеми го потврди брејкот. Медведев потоа направи уште еден брејк за 4:1 во гемови, по што беше јасно дека ќе слави во неговиот прв меч во Торино.

Во првиот дуел од групата Б, Александер Зверев со 2-1 (6:7,6:3,6:4) во сетови го совлада Карлос Алкарас.

Шпанецот го доби првиот сет во тај-брејкот, но во следните два сета, на Зверев му беа доволни по еден брејк за конечна победа.

Утре ќе се играат дуелите од групата А, и тоа Циципас – Руне и Ѓоковиќ – Синер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести