Рускиот тенисер Даниил Медведев се пласира во полуфиналето на турнирот од серијата Мастерс 1000 во Индијан Велс откако го совлада Шпанецот Алехандро Давидович Фокина со 2:0 по сетови, и тоа 6:3, 7:5 за 104 минути игра.
Медведев му го одзеде сервисот на противникот на стартот од мечот, спаси брејк топка во четвртиот гем и рутински ја заврши работата во првиот сет.
Во вториот сет имаше многу повеќе возбудувања, Давидовиќ Фокина имаше брејк топки во четири последователни гема на кои сервираше Медведев, но Русинот покажа ментална сила и не му дозволи на Шпанецот да направи брејк. Откако не искористи пет брејк топки, Шпанецот загуби својот сервис во 11-тиот гем, а Медведев потоа со сигурен сервис го потврди пласманот во полуфиналето.
Противник на Медведев во полуфиналето на Индијан Велс ќе му биде Американецот Френсис Тијафо, кој во два сета беше подобар од Камерон Нори.
Кај дамите, први полуфиналистки се Арина Сабаленка и Марија Сакари. Втората светска тенисерка, Сабаленка, игра одлично во 2023 година и по триумфот на Отвореното првенство на Австралија обезбеди пласман и во завршницата на првиот годинашен мастерс турнир. Таа во четвртфиналето на Индијан Велс само за 65 минути игра со 6:4,6:0 ја победи Американката Коко Гоф.
3 – Maria Sakkari is the third player to reach the WTA semifinals in Indian Wells with three comeback wins en route to the SFs after Elena Dementieva in 2005 and Iga Swiatek in 2022. Roar.#TennisParadise | @BNPPARIBASOPEN @WTA @WTA_insider pic.twitter.com/AvfEH3q517
— OptaAce (@OptaAce) March 16, 2023
Нејзина противничка во полуфиналето ќе биде грчката тенисерка Марија Сакари, која со пресврт славеше против Петра Квитова. Сакари по два часа и 17 минути игра со 4:6, 7:5, 6:1 ја победи Квитова, а интересно е што и во претходните мечеви на Индијан Велс славеше во три сета, и тоа против Каролина Плишкова, Анхелина Калинина и Шелби Роџерс.