Финецот Емил Русувуори ги доби првите два сета против третиот носител Данил Медведев и беше на сет од сензационален триумф во второто коло на Австралијан опен, но сепак победата му припадна на фаворитот кој славеше со пет сета.
Првите четири сета беа интересни и неизвесни, а во петтиот Финецот имаше повреда и Медведев го доби со 6-0. Во четвртиот сет, Русувуори имаше 5-4, беше на гејм од победа, но Медо се извлече, и сега во следната фаза игра со Феликс Оже-Алиасим од Канада.