Русинот Данил Медведев се пласира во полуфиналето на Вимблдон откако во маратонски меч во кој се играа пет сета, го елиминира најпријатното изненадување на гренслем-турнирот, Кристофер Јубанкс.
Медведев по три часа игра со 6:4,1:6,6:4,7:6, 6:1, го победи американскиот тенисер кој беше блиску до ново изненадување, откако претходно ги елиминира Британецот Камерон Нори и Гркот Стефанос Циципас.
Првиот сет му припадна на Русинот на кого еден брејк му беше доволен за да слави со 6:4. Но, во вториот сет, Јубанкс одигра фантастично, двапати го одзеде сервисот на Медведев и со убедливи 1:6 израмни на 1-1 во сетови.
Јубанкс одлично го започна и третиот сет, уште во првиот гем направи брејк и потоа со одличен сервис, не дозволувајќи му ниту една брејк топка на Медведев, го реши сетот со 4:6 и дојде на само еден сет до нова сензација.
Двајцата тенисери беа сигурни на свој сервис во четвртиот сет по што одлуката за победникот падна во тај-брејкот. Во него, Медведев одигра одлично, направи три мини-брејка и успеа да се избори за одлучувачки петти сет.
Во него, Американецот немаше сила да му се спротивстави на третиот носител кој веднаш направи два брејка и поведе со 3:0 во гемови и потоа рутински го приведе сетот до крајот кој му донесе пласман во полуфиналето. Во него, ќе игра со подобриот од последното четврфинале Карлос Алкарас – Холгер Руне во кое Шпанецот води со 2-0 во сетови.