Медведев: Тенис треба да се игра само на брза подлога!

Русинот Данил Медведев откако го освои Мастерот во Мајами, изјави дека најубаво би било кога тенис би се играл само на тврда подлога каква што има и во Мајами.

Популарниот Медо има одлична сезона, па откако потфрли на Отвореното првенство на Австралија, освои четири од последните пет турнири на коишто настапи, а во Индијан Велс загуби во финалето.

„Најдобро ја чувствувам играта на тврда подлога. Да се прашувам јас, би се играло само на тврда подлога, но потполно разбирам дека тоа не би било фер“, рече Медведев, кој од 19-те турнири кои ги освоил во кариерата, 18 се на тврда подлога.

„Знам дека можам да играм прилично добро и на трева и на земја, но на тврда подлога играта ми е најтечна. На тврда може и да не играм најдобро, а да победувам. Тоа е големата разлика“, дообјасни Медведев, кој е четврти на најновата АТП-листа.

Наскоро почнува сезоната на турнири на земјена подлога, а тоа не му оди во прилог на Русинот, иако во 2019 година во Монте Карло успеа на земја да ги победи Ѓоковиќ и Циципас.

- Оглас -

Најнови вести