Медведев: Веќе никогаш нема да кажам дека Ѓоковиќ е најдобар на сите времиња

Русинот Данил Медведев, кој во неделата ја освои својата прва гренслем-титула во кариерата, совладувајќи го Новак Ѓоковиќ во финалето, во налетот на емоции изјави дека Србинот е најдобар тенисер во историјата.

Ѓоковиќ заедно со Роџер Федерер и Рафаел Надал го делат првото место по бројот на гренслем-титули, тројцата имаат по 20. Новак е најмлад од тоа трио, во најдобра форма и фаворит кариерата да ја заврши како рекордер.

„Веројатно никогаш повеќе нема да кажам такво нешто, но го кажав. Искрено го мислев тоа. Чувствувам дека на некој начин ваквите изјави може да бидат сфатени како непочитување кон другите момци, затоа нека остане дека сум кажал, но веќе нема“, вели Русинот, кој нагласи дека не би го кажал тоа ако играл против некој друг.

„Ако во финалето победев некој друг тенисер, немаше да дадам таква изјава“, додава популарниот Медо.

- Оглас -

Најнови вести