Медведев: За Серена Вилијамс ќе се зборува и по 100 години

Американската тенисерка Серена Вилијамс (40) на овогодишното Отворено првенство на САД ќе ја заврши својата долга и пребогата играчка кариера во која освои 23 гренслем-титули.

Помладата од славните сестри Вилијамс вечерва по полноќ, во првото коло на Отворено првенство на САД ќе игра со Црногорката Данка Ковиниќ и ако загуби, тоа ќе биде нејзин последен сингл меч во кариерата.

„Таа е легенда. Кога и да ја видам, зрачи со енергија околу себе, затоа сите ја сакаат. Таа ќе остави огромно наследство во тенисот, за Серена ќе се зборува и по 100 години“, рече Данил Медведев, кој ќе ја брани титулата од лани во машка конкуренција.

- Оглас -

Најнови вести