Медведев: Забележав дека Новак се поти повеќе од вообичаено, тоа му правеше нервоза!

После победата над Новак Ѓоковиќ, прва за Русинот против Србинот после пауза од година и пол, Данил Медведев рече дека знаел оти за да победи, мора да одигра најдобро, и плус противникот да нема ден.

Според изразот на лицата после мечот, делуваше како да победил Ѓоковиќ кој беше порелаксиран.

„Дури и да одиграте најдобро, не е гаранција дека ќе го победите, мора и тој да не го игра својот најдобар тенис. Во вториот сет бев во ситуации кога требаше да спречам брејк-топки и среќен сум што ја задржав смиреноста. Видов дека Новак не е среќен што се поти повеќе од вообичаеното, не бев ни јас, но ова се посебни услови за игра на кои мора да се навикнеме“ – изјави Медведев.

https://twitter.com/i/status/1631705979774701568

- Оглас -

Најнови вести