Медведев збесна: Дали си ти глуп!? Како можеш така да судиш? Гледај ме кога ти зборувам! (Видео)

Данил Медведев игра против Стефанос Циципас во полуфиналето на гренслем-турнирот во Мелбурн. Русинот води со 2:1 во сетови, но многу му се налути на судијата. Според Медведев, судијата не реагирал како што треба на сите дофрлања на таткото на Циципас.

„Брате, дали си ти лут? Неговиот татко може да зборува за секој поен!? Дали си глуп? Неговиот татко може да зборува за секој поен!? Одговори ми на прашањето, тебе ти зборувам, гледај ме кога ти зборувам! О Господе, колку си ти лош. Како можеш толку лошо да судиш во полуфинале на гренслем!?“, се дереше Медведев кон судијата.

https://twitter.com/i/status/1487006250747502602

 

- Оглас -

Најнови вести